Економската криза го погоди и шпанското кралско семејство

Економската криза во која се наоѓа Шпанија, не го одмина на шпанското кралско семејство, кое ќе мора да се соочи со мерките за штедење.

Со Предлог-буџетот на шпанската Влада за 2013 година се предвидува намалување на средствата наменети за кралското семејство од овогодишните 8,26 милиони евра на 7,93 милиони.

Шпанскиот крал Хуан Карлос уште во јули објави дека ќе ги намали својата и платата на неговиот престолонасленик, принцот Фелипе за 7,9 проценти. Со намалувањето, бруто платата на шпанскиот крал сега изнесува 21.000 евра.

Пронајдете не на следниве мрежи: