iPhone 5 украсен со дијаманти

Loading...

 

Кога потпретседателот за маркетинг на Apple Фил Шилер го нарече новиот IPhone 5 “апсолутно богатство”, сигурно немал во предвид дека уредот ќе биде украсен  со 53 совршени дијаманти од страна на златар од Ливерпул.

 

Британскиот таблоид Daily Mail објави дека специјалната верзија на iPhone5 од 18-каратно злато е направена од британскиот дизајнер Стјуарт Хјуз. Според податоците на Хјуз досега се направени вкупно 100 вакви уреди и тие веќе се објавени за продажба на неговиот официјален веб-сајт.

 

Токму Хјуз, кој не за прв пат разубавува мобилни телефони по нарачка, го направи најскапиот iPhone во светот – Единствениот 4S Elite Gold, кој чини 6 милиони фунти – за австралиски бизнисмен. Златниот телефон беше украсен со 500 дијаманти.

 

Слични паметни телефони за пониски цени може да се купат од Обединетите Арапски Емирати. Според податоците на Bloomberg специјално за ОАЕ била изработена ограничена серија Iphone од 24-каратно злато. Секој од нив има свој единствен број и чини само 4 700 долари.

loading...
Loading...