Nokia Lumia 920 и Lumia 820 во продажба од ноември

Loading...

И двата модели се добар избор за Windows Phone 8 мобилни, а од Nokia открија детали за цената како и за датумите од кога ќе бидат достапни на пазарот.

Според она што е објавено од Nokia за дел од европскиот пазар без Велика Британија, Lumia920 и Lumia820 ќе бидат со цена од 649 и 499 евра во Германија и 599 и 499 евра во Италија. Не беа објавени цени за Велика Британија и останатите пазари, но официјално и таму продажбата ќе почне во Ноември. TeliaSonera од Италија го најавува 12ти ноември како датум кога ќе почне да се продава Lumia 920.

Ова е шанса за Nokia за подобрување и излегување од финансиската криза, но најавата и за други Windows Phone 8 уреди ќе вистински предизвик на пазарот.

Nokia Lumia 920 и Lumia 820

Ова се двата новитети на компанија во серијата Lumia со Windows Phone. Новите модели  прилагодени за последниот firmware на Windows Phone 8 Nokia ги промовираше на Nokia World 2012 меѓутоа официјалниот партнер за хардвер на Мајкрософт не успеа да го добие приматот за објавување на првиот уред со Windows Phone8.Samsung го претстави својотATIV S Windows Phone 8 неколку дена пред Nokia World 2012.

Lumia 920 има 4.5 инчен ClearBlack IPS дисплеј. Дизајниран е за предизвик на уреди како Samsung Galaxy, HTC One X и iPhone 5. Lumia 820 има 4.3 инчен дисплеј, а и двата уреди имаат dual core Qualcomm Snapdragon S4 чипови. PureView камерата со автоматски фокус од 8 мегапиксели, безжичното полнење и импресивната линија се извонредните карактеристики на 920. Згора на се WP8 може само да го „зачини“ уредот со гаџети со одличен интерфејс, апликации и сл.

Lumia 920 Vs Samsung ATIV S

Samsung го претстави својот WP8 уред ATIV S како прекрасен продукт кој е произведен со некои дизајнерски решенија превземени од Galaxy S3.Унапреден е со 4.8 инчен Super Amoled дисплеј, под маската ќе носи 1.5GHz dual core Snapdragon S4 процесор, Adrena 225 GPU и 1GB рам мемроија, ќе биде достапен во две мемориски верзии: 16GB и 32GB, а ќе биде компатибилен со MicroSD слот за повеќе меморија.

Lumia 920 Vs HTC Windows Phone 8X

8X е премиум уредот на HTC со последната верзија на Windows Phone. Има 4.3 инчен S-LCD2 капацитивен touchscreen, сила ќе добива од истиот Snapdragon S4 процесор со 1GB рам меморија. Она што е интересно е дека Мајкрософт го одбраа овој модел како потпис за Windows Phone 8. Покрај Nokia Lumia, HTC 8X ќе биде првиот со овој firmware.ОдNokia обвинија дека овој уред е копија на „понискиот“ Lumia 820.

Lumia 820 Vs HTC Windows Phone 8S

Windows Phone 8S е меѓу верзија на Windows Phone 8 уредите од HTC.8S има 4 инчен S-LCD дисплеј, 1GHzdual core Snapdragon S4 процесор и 512 MB рам меморија. Секако, ќе биде конкурент на Lumia 820 на пазарот на Windows Phone 8.

Компании како Huawei и ZTE известија дека работат на пуштање на Windows Phone 8 уреди. Секако, поевтини верзии, кои би ги направиле работите околу буџетот на пазарот на Windows Phone 8, потешки за Nokia.

loading...
Loading...