Се сеќава ли некој на животот пред Google?

Животот денес драстично се разликува од она што бил пред 50 години. Многу работи се сменети, и што е многу важно секојдневно се побрзо се менуваат. Една работа се чини дека станува константа во современото секојдневие-интернетот! Животот на современиот човек се сведува на компјутерите бидејќи се повеќе работи стануваат достапни и едноставни благодарение на интернетот,  односно благодарение на Google. Зарем  Google не е првото нешто што ви паѓа на ум кога ќе помислите на интернет?

Google во своите 14 години постоење еволуираше и го прошири своето влијание на многу области, па така од едноставен пребарувач стана нераздвоен дел од секојдневието на секој човек.

Можете ли да  се сетите на некој проблем за кој Google  не пронашол решение?

1.     Правопис или речник

Сигурно некогаш ви се случило ова… Google секогаш е тука да ве поправи. Во својот пребарувач Google Chrome, Google има вметнато систем кој ги пронаоѓа вашите грешки во пишувањето на зборовите.

2.     Проверување на луѓе – сите знаеме дека Facebook понекогаш не е доволен за да го дознаеме она што го сакаме за некои луѓе.

3.     Google Maps – Дали некогаш сте се нашле во ситуација да треба да стигнете до некое место до кое не го знаете патот? Погодете кој е тука да ви помогне …

4.     Адреси, телефонски броеви … – Понекогаш навистина не ви е до готвење, секогаш се има “попаметна работа”од тоа… Googleќе ве снабди со потребните телефонски броеви, адреси итн – секогаш можете да нарачате достава…

5.     Пауза и забава – некои од вас можеби не знаеле, но Google во 2006 година го откупи YouTubeи денес YouTubeфункционира како дел од компанијата Google.

6.     Како ли изгледа…?

7.     Автомобил без возач – Да, Google отиде до тој степен да измисли возило на кое не му е потребен возач, доволно е само да ги внесете потребните команди, и да ја оставите “валканата работа”на Google.

Конечно некој го реши проблемот со паркирањето за вас.

8.     Сакате во кино? – Како инаку дознавате кога и каде се прикажува некој филм? Сигурно никој од нас не отвора повеќе весници…

9.     Google е Google на скоро секој јазик… но ако ве интересира нешто друго – секогаш е тука Google Translate.

10. Сакате да проверите колку се 13 милји во километри? – Google знае!

Google е компанија основана во 1998 година, во 2006 година станува акционерско друштво и ги отвора своите врати кон брзиот напредок. Доказ дека прогресот на Googleне запира тука е и нивното проширување во се повеќе области. Имено, Google во последните неколку години лансираше неколку проекти, меѓу кои како најинтересни би ги споменале Google Fiber – проект со кој Google промовира сопствена интернет технологија со досега невидена брзина, за почеток промовирана само во Америка, во склоп на која влегува и услугата Google TV, smart TV технологија која се очекува во наредните години да започне вистинска револуција во начинот на кој гледаме телевизија. Овој проект Google го започна во соработка со неколку други големи компании меѓу кои се Intel, Sony, Logitechитн. На сите ни е познат Android, оперативниот систем за мобилни телефони кој е производ токму на Google.Во социјалните мрежи е лансиран проектот Google+, мрежа која секојдневно расте и е пандан на Facebook, кој многумина сеуште го доживуваат како доминантен во оваа област. GoogleWallet е услуга која Google во 2011 ја промовираше како апликација за мобилни телефони преку која би се вршеле секакви видови електронски плаќања.

Факт е дека оваа компанија има сериозни намери и понатаму да се шири и преку своите проекти да го менува и олеснува сегашниот начин на живеење. Не бидете изненадени доколку во многу скоро време дојдете до заклучок дека сите живееме во Google свет.

Пронајдете не на следниве мрежи: