Make up трендови за оваа зима

Смена на сезоните не подразбира само менување на облеката во плакарот, туку, како и промена на фризурата така и на шминката. Пред нас е сезона која на прв поглед делува како судар на различни светови. Може да се најде се, од природни и нежни нијанси, до контрастни бои и темни тонови. Ова единствено значи дека може да се најде се за секого.

И оваа сезона се провлекува едно единстевно, вечно правило, “нагласете само еден дел од лицето”, односно или само устата, или само очите, или само образите.

Очи – За очите е речеси се дозволено, од неизбежните smokey eyes, до сите можни кафеави нијанси и различни екцентрични линии направени со било каква боја на туш. Оваа сезона сенките се нанесуваат во различни бои, на целиот капак на окото, до почетокот на веѓите.

Веѓи – Оваа сезона главен хит се природните, бушави и густи веѓи. Со други зборови, треба да бидат се, само не тенки. Колку се по нагласени, толку подобро. Дури може да ги доцртувате и украсувате со циркони.

Усни – Усните можат да бидат во некоја поблага и понежна варијанта, а најдобро решение е кармин во боја на вино или пак тотално неутрална боја.

Тен – Зачудувачки, оваа зима е актуелен пролетен нежен тен, со јако руменило на образите. 

Пронајдете не на следниве мрежи: