Јаневски со проверени сили против Хрватска и Србија

 

Селекторот на Македонска фудбалска репрезентација Чедомир Јаневски го објави списокот на фудбалери за квалификациските натпревари за Светското првенство во Бразил против националните тимови на Хрватска и Србија.

Двата натпревари Македонската репрезентација ги игра на домашен терен, на националната арена “Филип Втори“ во Скопје.

Чедомир Јаневски, селекторот на нашата национална селекција вели дека составот е комбинација на младост и искуство, во тимот има по двајца играчи на секоја позиција, ново име е Бојан Марковски од кипарски Аполон.
-Позитивната атмосфера пред натпреварите со Хрватска и Србија ја направија фудбалерите. Одиграа два одлични дуели во Загреб и Глазгов. Сега одново ќе бидат тука, свесни дека ќе треба да го дадат најдоброто од себе за да оствариме позитивен резултат. Пристапот на Хрватска веројатно ќе биде сосема различен од натпреварот во Загреб, тактички ќе треба да одработиме на највисоко ниво. Во тимот повторно се Стефан Спировски и Стефан Ристовски, младите фудбалери треба да ја почувствуваат репрезентацијата и значењето на националниот дрес. Се надевам дека подготовките ќе минат во најдобар ред. Подршката од навивачите ни дава дополнителен мотив. Се надевам дека ќе бидат наш 12-ти играч, изјави Чедомир Јаневски.

Голмани
1. Кристијан Наумовски – Динамо Букурешт/Романија
2. Мартин Богатинов – Карпати/Украина
3. Томе Пачовски – Мехелен/Белгија

Одбрана
4. Бобан Грнчаров – Ботев Пловдив/Бугарија
5. Даниел Георгиевски – Стеауа Букурешт/Романија
6. Стефан Ристовски – Бари/Италија
7. Николче Новески – Мајнц 05/Германија
8. Ванче Шиков – Волин/Украина
9. Бојан Марковски – Аполон/Кипар
10. Горан Попов – Вест Бромвич Албион/Англија
11. Александар Лазевски – Партизан/Србија

Среден ред
12. Никола Глигоров – Алки/Кипар
13. Мухамед Демири – Тун/Швајцарија
14. Величе Шумуликоски – Тианјин Теда/Кина
15. Стефан Спировски – Работнички
16. Дарко Тасевски – Шмона Кириат/Израел

Напад
17. Ферхан Хасани – Волфзбург/Германија
18. Иван Тричковски – Клуб Бриж/Белгија
19. Стевица Ристиќ – Сувон Самсунг/Кореа
20. Горан Пандев – Наполи/Италија
21. Мирко Ивановски – Астра Плоешти/Романија
22. Агим Ибраими – Марибор/Словенија
23. Драган Георгиев – Вардар

Првиот собир репрезентативците ќе го имаат во понеделник на 8. октомври во 12 часот, истито ден од 18 часот ќе го имаат и првиот тренинг. Македонија на 12. октомври ќе игра против Хрватска, а четири дена подоцна против Србија.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: