Цената на нафтата балансира меѓу слабиот раст и можно нарушување во снабдувањето

Loading...

Цената на сировата нафта балансираше во вторникот на светските берзи меѓу изгледите за пад на побарувачката поради слабиот раст од една страна  и ризикот од можно нарушување во снабдувањето од друга страна.

Цената на барел сирова нафта остана речиси непроменета на лондонската берза, каде се продава по 112, 14 долари, а на американската берза поскапе за 20 центи, на 92,68 долари.

Светската економска активност е забавена годинава, што го ограничува растот на побарувачката за енергенси во Азија, Европа, и САД. Инвеститорите од друга страна се загрижени дека неочекуваниот прекин на снабдувањето од Блискиот исток би можел да поттикне раст на цената на нафтата. 

Индустриските погони во еврозоната остварија најлош квартал во изминатите три години, а забавува и економскиот раст во Кина. Сепак, американското индустриско производство оствари неочекуван раст во септември, а претседателот на централната банка Бен Бернанке изјави дека е уверен оти државата нема да влезе во рецесија.

„Економските активности ја притискаат цената на нафтата во краткорочна перспектива укажувајќи на нејзин пад. Но, од друга страна поддршка на цената и дава геополитиката. Иако се мали шансите за такво нешто, инвеститорите и натаму ги загрижува можноста од војна на Блискиот исток и тоа ќе трае се додека се зборува за иранската нуклеарна програма“, вели Тамаш Варга од лондонски PVM Oil Associates. 

Мак Факс 

Apple бара уште 707 милиони долари од Samsung

Бенетон го бара „невработениот на годината“ 

Гаспром најпрофитабилнa компаниja во светот, остварила приход од 44,46 милијарди долари

 

loading...
Loading...