Цветни парфеми за тренди есен!

Loading...

Новата сезона ја одбележуваат цветни мирисни ноти. Сите водечки модни куќи, од Channel до Valentino, своите цветни креации ги дизајнираа со цел да не стоплат во ладните денови кои следуваат и да не потсетуваат на убавата пролет. 

 

 

 

За отмените дами:

Coco Noir e најновата мирисна креација на модната куќа Channel, инспирирана од Coco Channel и нејзиниот живот во Венеција. Мирисот е со отворена нота на цитрусно овошје, интензивен мирис на јасмин, есенција на рози и нарциси. Во основат се наоѓаат топли и богати мириси на бразилска тонка, бурбон ванила, темјан и бел мошус.

Boss Nuit pour femme одушевува со софистицирана композиција, а неговото заштитно лице е Gwyneth Paltrow. Мирисот е точно како Gwyneth, секси и провокативен а сепак софистициран. Во неговиот мирис се забележуваат ноти на праска и садаловина, а во срцето на мирисот се крие љубичица, бело цвеќе и јасмин.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

За класичните девојки:

Lancome La vie est belle kako заштитно лице ја имаат фантастичната Julia Roberts, а во неговото шишенце се крие гурманска композиција црна рибизла и крушка,ирис, јасмин, портокал, пачули, бразилска тонка и ванила.

Од модната куќа на Valentino ни пристигнува Valentino Assoluto, мирис кој е многу заводлив и адекватен за оригинални вечерни излегувања. Јаките мириси на праска, бергамот и тартуф, кои совршено се склопуваат со мирисот на тубероза, јасмин и ванила и пачули. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Мириси за гламурозни вечерни излегувања:

Модната куќа Gucci лансираше мала луксузна композиција- Gucci Premiere чие заштитно лице е Blake Lively, а самиот мирис одушевува со топли ноти на бергамот и цвет од портокал и нарцис. Спаковано е во златно паковање, кое ќе го краси вашето тоалетно орманче, налик скапоцен накит или луксузна скулптура.

Mademoiselle Ricci Nine Ricci gkdf веќе на прв поглед освојува со својот фантастичен дизајн и капак во форма на огромна машна. Неговиот мирис се состои од ноти на роза, црвен папар, олеандер, ловор и дива ружа. Основата се состои од ноти на бело дрво и мошус. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

За романтичните девојки:

Escadina Especially Escada Delicate Notes се чини дека е креирано специјално за романтични девојки. Лесната верзија на Especially Escada е креирана со грејп, јапонска роза и крушка во главните ноти. Срцето на мирисот е составено од акорада ружа, иланг-иланг, светло дрво и мошус.

Moshino Pink Bouquet претставува цветно овошен мирис во шишенце во форма на срце. Парфемот воодушевува со неверојатна комбинација на ананас и малина, бергамот. Во срцето на мирисот се наоѓаат ноти на јасмин, љубичица, божур, праска и мошус. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Разиграни мириси за оние кои знаат што сакаат:

Jousy Couture го лансираше парфемот Viva la Juicy Le Fleur, мирис кој го буди малото девојче во вас. Разиграните ноти на мандарина, црвена рибизла се спојуваат со мирисите на гарденија и јасмин. Како траг оставаат мириси на ванила, карамела и сандалово дрво.

Guerlainova La Petite Robe Noire е ода во мало црно пакување. Црна цреша комбинирана со бадем, бобици и бергамот. Следи комбинација на драгоцена и експлозивна мешавина на бугарска ружа и присуство на меки тонови на турска ружа apsolute. Нотите на црн чај и анис го даваат крајниот ефект, кој ви дава чувство на силна племенитост и заводливост. 

loading...
Loading...