Почина францускиот режисер Клод Пиното

Францускиот режисер Клод Пиното, кој со филмовите „Шлаканица„ од 1974 година ја откри Изабел Аџани, а со „Жур“ од 1980 година Софи Марсо, починал во петокот во 87 година во Нули-сур-Сен недалеку од Париз, соопшти неговата агентка.

Агентката на Клод Пиното, Елизабет Танер за AFP изјавила дека веста за смртта на славниот режисер ѝ ја соопштила неговата сопруга.

Клод Пиното е роден на 25-ти мај 1925 година, а својата кариера ја започнал како интендант во театар и асистент на прославените режисерски имиња, како што се Жан Кокто, Анри Вернул и Клод Лелуш.

Пиното кој беше приврзан за криминалистичкиот филм. Својот прв документарен филм го снимил во 1972 година, под насловот „Човекот што не знаеше да молчи“ со славниот Лино Вентура.

Пиното работеше на многу работи во филмската индустрија во текот на неговата богата кариера, но најмногу како режисер, сценарист и продуцент.

Превземено од макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: