341 македонски државјанин чекаат да бидат протерани од Соединетите Американски Држави, покажуваат податоците на американските државни органи.

Американскиот претседател Доналд Трамп уште од предизборната кампања најавуваше заострување на миграционата политика, а веднаш по стапувањето на должност потпиша низа акти поврзани со справување со мигрантите и депортација на истите во државите од кои доаѓаат.
Како што се гледа од официјалните документи, меѓу лицата кои ќе бидат депортирани се и 341 македонски граѓанин.
Претходно Трамп ги прекина сите средства кои претставуваа финансиска помош за владини и невладини програми.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.