5 фризури кои секогаш ќе бидат во тренд

Loading...

Трендовите доаѓаат и поминуваат, некои фризури се секогаш ИН. Класични а истовремено модерни и универзални, секогаш ги освојуваат жените ширум светот. Нивната најдобра карактеристика е тоа што одговараат на секому, а има толку многу видови да секој би можел да си ја пронајде својата фризура. 

 

Pixie фризура

Класичната кратка фризура ги освојува жените уште од времето на Одри Хепберн кога за улогата во филмот Holiday in Paris, ја скрати својата коса. После неа оваа фризура ја носеа и Миа Фероу и Џејми Ли Кертис. Денес меѓу најпознатите дами кои ја носат оваа фризура е Мишел Вилијамс која обожува кратка коса. Оваа фризура можете да ја стилизирате на различни начини. Можете да ја испеглате, да ја разбушавите, или само да ја исушите со фен. Најдобро им доликува на жени со детски црти, а предност е тоа што можете да ја избоите во било која боја, таа сеуште би изгледала ИН. 

 

 

 

 

 

 

 

 

Нежни локни

Секси, меки локни се едни од најзаводливите фризури на сите времиња и никогаш нема да излезат од мода. Погледнете само каква фризура имаат моделите на Victoria Secret кога шетаат по пистите. Оваа фризура е најидеална кога вашата коса е природно виткана, бидејќи во тој случај се што ќе ви биде потребно за нега на косата е од време на време кратко шишање само на врвовите. Оние пак со исправена коса, оваа фризура може да ја направат само со користење на фигаро и други видови на виткачи, а не е препорачлива за оние со цврсто влакно на косата. За тие, за да го постигнат овој изглед, потребно е најпрвин да ја исправат косата а потоа да ја навиткаат. А тоа е премногу работа за еден ден. 

 

 

 

 

 

 

 

 

Боб фризура

Оваа фризура ја имаме забележано кај Одри Тату, истотака Џеки О беше голем нејзин фан, Ума Турман го заведуваше Траволта со иста таква фризура. Дури и модната уредничка Ана Винтор, ја носи косата во боб откако знае за себе. Како што боб фризурата има различни верзии, така тие верзии не стојат на секој лик. Округло лице, би поднела подолга верзија на боб фризура, со меки прамени кои го обликуваат вашиот лик, додека жените со детски црти на ликот, можат да испробаат боб фризура со строги линии. Кога ги правите вашите шишки, бидете внимателни тие да бидат прикладни со вашиот лик и навики. 

Исправена коса

Шер, Џејн Биркин, Гвинет Палтроу? Тоа се сите оние жени кои се задоволни со исправена коса. Исправена коса изгледа свежо, меко и здраво. Доколку сакате ваква коса, се што ви е потребно е исправувач за коса, серум за заштита на косата од топлина и доволно долга коса. Оваа фризура е прикладна за сите, а може многу лесно да се комбинира со разни детаљи. Освен тоа, исправена коса, го остава вашиот избор на гардероба да дојде во прв план. 

 

 

 

 

 

 

 

 

Коњски реп

Koњскиот реп е навистина вечна фризура која ја обожаваат деловни жени. Се што ви е потребно е ластик и коса, а од 50тите па наваму нема жена која што не ја носела оваа фризура. Бијонсе, Гвен Стефани, Кејт Бекинсејл-секоја од нив ја носи оваа фризура на свој начин и ја прилагодува на својот стил. Тоа може да биде ретро изглед, романтичен. спортски, украсен и слично. Тоа што е најважно е да биде среден на едно место и да потскокнува кога одите. 

 

Погледнете ги и следниве статии:

Chanel – Пролет 2013

Едноставен накит, за гламурозен стајлинг!

loading...
Loading...