Единаесет велосипедисти сведочеа против Ленс Армстронг

Loading...

 

Американската анти-допинг агенција(УСАДА) ги објави во среда имињата на 11 велосипедисти кои сведочеа во процесот против Ленс Армстронг, доживотно суспендираниот велосипедист заради земање допинг.

Армстронг го товареа исказите на речиси сите најдобри поранешни и сегашни велосипедисти, Френки Ендру, Мајкл Бери, Том Даниелсон, Тајлер Хамилтон, Џорџ Хинкапи, Флојд Лендис, Леви Леипхајмер, Стивен Сварт, Кристијан Ванде Велде, Џонатан Ваутерс и Давид Забриски.

„Тоа е најсофистицираната и досега најуспешна системска допинг-програма што спортот воопшто ја видел”, се вели во соопштението на УСАДА.

На Армстронг му е изречена доживотна суспензија, а одземени му се сите седум титули победник на Тур де Франс.

 

Макфакс

извор: Хина

loading...
Loading...