„Пулс24“ дознава: Филип Давидовски на пробен тренинг во Штутгарт!!!

Loading...

Како што дознаваме, младиот Филип Давидовски е на пробен тренинг во германски Штутгарт каде ќе остане до Среда.

Дневно и редовно игра во ХБК-Копенхаген У-17 Данска. Минатата сезона и оваа сезона игра и редовно за нивната Б-професионална екипа (У-23), вкупно 8-10 натпревари. Минатата сезона има постигнато 9 погодоци, што го направи втор голгетер во екипата.

Инаку Филип Давидовски е голем фудбалски талент, има 17 години, има двојно државјанство, Данско и Македонско. Игра на позицијата крилен напаѓач, лево и десно.

Давидовски играше за селекцијата на Данска за фудбалери до 15, односно 16 годишна возраст во сезоната 2009/10.

Младиот Давидовски прифати да игра за нашата селекција, член е на селекцијата за играчи до 17 годишна возраст.

loading...
Loading...