Ред Бул доминантен на вториот тренинг во Кореја

Loading...

 

Пилотите на Ред Бул, Себастијан Фетел и Марк Вебер доминираа на вториот слободен тренинг, во пресрет на трката за Големата награда на Јужна Кореја.

Фетел, кој заедно со Алонсо имаат по една победа во Кореја, најави уште еден одличен викенд, за себе и својот тим. најбрзиот круг, на вториот тренинг, на патеката Јеонгам, Фетел го извозе со време од 1:38.832 минути, неговиот тимски колега Вебер имаше послабо време за само 068 илјадити делови од секундата. 

Трето време постигна лидерот во шампионатот Фернандо Алонсо, зад него следуваа Џенсон Батон, Михаел Шумахер, Фелипе Маса, Нико Розберг, додека осми беше Луис Хамилтон, кој на првиот слободен тренинг имаше најбрзо време.

 

Макфакс

loading...
Loading...