Тажната приказна за Мак-фудбалот…

Срамен однос на Македонската публика кон фудбалерите, тажната страна на Македонскиот фудбал, уште еднаш не го положивме тестот, премногу селектори, премалку ВИСТИНСКИ НАВИВАЧИ, кулминациона точка беше крајот од мечот, кога Богатинов мораше трчајќи да го напушти теренот за да ги избегне свирежите.

Тажната приказна за Мак-фудбалот, уште еднаш по којзнае кој пат, повеќе селектори, помалку ВИСТИНСКИ НАВИВАЧИ и поддржувачи на Мак-фудбалот.

Водиме, се е супер, примаме гол паѓаме, навреди, пцовки, свирежи кон репрезентативците кои ги бранат боите на Македонија…

Што точно се случуваше на „Филип Втори“…

1.       Мартин Богатинов, направи кардинална грешка, факт кој не се победува… но зарем таков притисок, па да 33-илјадните селектори на „Филип Втори“ со свирежи да го испратат нашиот голман, а Богатинов трчајќи неможејќи да ги ислуша свирежите на публиката… Богатинов е млад голман, и направи грешка што и на најголемите и најзвучни голмански имиња во светот им се случува…

2.       Горан Попов, фудбалер кој игра со срце за својата репрезентација, истовремено борејќи се и во својот тим и за својата репрезентација подеднакво добро, 33-илјадната публика за момент ги заборави претходните пожртвувани игри на Попов, па си дозволи да биде “незадоволна“ од неговиот допринос.

3.       Агим Ибраими, за добрите познавачи на Мак-фудбалот, еден од најдобрите репрезентативци во моментов, фудбалер кој се залага максимално на теренот за својата селекција. Што се случува, спикерот го најавува Агим Ибраими, и група “селектори“ го исвиркаа, причината НЕЈАСНА. Ибраими возврати со гол, и одличен натпревар. РЕСПЕКТ.

4.       Величе Шумуликовски, фудбалер кој дава се од себе да даде допринос за својата селекција, можеби натпреваров со Хрватска е еден од најдобрите негови натпревари за нашата селекција, но, при неговото излегување од игра повторно на сцена настапуваат “селекторите“, кои борбената игра на Шумуликоски ја “наградија“ со свирежи… Најтрагично во оваа приказна кај Величе е тоа што додека тој излегуваше од терен и ги слушаше срамните свирежи дел од фудбалерите му упатуваа поддршка тешејќи го, нешто што Величе треба да го памти, и наместо да одигра нареден пат добро за публиката, да одигра за своите колеги кои направија невиден СПОРТСКИ гест, што нашата публика и беше ТЕШКО да го направи. Респект до Никола Глигоров кој заменувајќи го му упати огромна подршка.

5.       Горан Пандев, играч кој рака на срце почна да се вклопува во тимот, доста нестручно и непрофесионално некои се дрзнаа да ги оправдуваат неговите слаби игри со “кафанските анализи“ „нема со кого да игра“. Драга публико, Горан има, имал, и ќе има со кого да игра во репрезентацијата, Горан почна да игра маестрално за својата репрезентација, сега е потребна таа поддршка да нашиот најдобар интернационалец добие голема самодоверба и да биде уште подобар.

Нешто што исто така ќе остане запаметено од овој натпревар и тажната приказна на Мак-фудбалот, односно тука ќе се задржиме на фер и коректното навивање.

Имено, Хрватските навивачи дојдоа во Скопје наведувајќи дека доаѓаат „кај своите пријатели, ќе навиваат фер и коректно“, во ниту еден момент не скандираа против Македонските навивачи, но, потоа на сцена стапија овој пат не “селекторите“, туку група “навивачи“, кои верувале или не, се одеше до таму што дури и со СРПСКИ навивачки песни со погрдни зборови се скандираше кон фер и коректните навивачи од Хрватска. Замислете, на натпревар на Македонската фудбалска селекција, група “навивачи“ со српски песни против хрватските навивачи.

Драга публико, СО ЦЕЛОСНА ПОЧИТ, но, не ја заслуживте победата од овој натпревар.

Спортската редакција на „Пулс24“ препишува чиста ДЕСЕТКА како оценка за пожртвуваната игра на фудбалерите, и упатува јавна поддршка за СИТЕ репрезентативци.

Гест за респект: И Јорде застана зад Богатинов!!!

Штимац: Една од целите беше да ја свртиме публиката против своите играчи, УСПЕАВМЕ!!!

Штимац со две контрадикторни изјави за Македонската публика

Пронајдете не на следниве мрежи: