Репрезентацијата до 19 години на мегдан со Ирска

Loading...

 

Македонската фудбалска репрезентација, играчи до 19 години, во сабота, ќе го одигра вториот натпревар на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство, кое следното лето ќе се одржи во Литванија.

Македонските надежи, во рамките на второто коло во Групата 5, за противници ќе ги имаат врсниците од Република Ирска. Македонија, во првото коло, загуби од Германија со 5:0, додека Ирска го победи Луксембург со 5:2, овој натпревар е решавачки за „црвено-жолтите“ доколку сакаат да изборат пласман на една од првите две позиции во групата. 

Натпреварот ќе се одигра со почеток во 17 часот.

 

Макфакс

извор: макфакс

loading...
Loading...