Ред Бул доминантен во Кореја, Вебер ќе стартува прв

 

Пилотот на Ред Бул, Марк Вебер, ја освои пол позицијата, во пресрет на неделната трка за Големата награда на Кореја.

Австралиецот до својата десетта пол позиција во кариерата стигна со најбрзиот круг од 1:37.242 минути на патеката во Јеонгам. 

Друштво на Вебер во првиот стартен ред ќе му прави актуелниот светски првак и тимски колега Себастијан Фетел, кој за една десетинка имаше послабо време. 

Зад пилотите на Ред Бул, од вториот ред трката ќе ја започнат Луис Хамилтон (Мекларен) и лидерот во вкупниот поредок Фернандо Алонсо (Ферари). 

Ваквиот распоред на првите четири позиции на стартот гарантира доста возбудувања на трката за ГН на Кореја. 

Зад најдобрата четворка ќе стартуваат Кими Раиконен (Лотус), Фелипе Маса (Ферари), Ромен Грожан (Лотус), Нико Хилкенберг (Форс Индија), односно возачите на Мерцедес Нико Розберг и Михаел Шумахер. 

Трката за ГН на Кореја на патеката во Јеонгам ќе се вози во недела со почеток во 8 часот по средноевропско време. 

 

Макфакс

извор: макфакс

 

Пронајдете не на следниве мрежи: