Штимац со две контрадикторни изјави за Македонската публика

Селекторот на Хрватската селекција даде две контрадикторни изјави, во едната со пофалби до нашата публика која „достојно навиваше за својата репрезентација“, додека во другата го вели следното „успеавме да ја свртиме публиката против своите играчи“.

Штимац тактички се извади на „Филип“, тактика која и самиот тој обелодени дека не била главно на теренот, туку се водела и вон теренот, односно на трибините.

Селекторот на Хрватската селекција со две контрадикторни изјави, ви ги пренесуваме…

„Честитки за вашата публика, навиваше достојно за својата репрезентација“, изјава дадена на прес-конференцијата веднаш по натпреварот.

„Не делуваше Хрватска изгубено на средината од теренот, туку играчите го почитуваа тоа што се договоривме, тоа што им го кажав. Им кажав да не ја губиме топката доколку немаме простор за игра во средина. Сакавме, со долги пасови да го замориме противникот и да ја натераме домашната публика да се сврти против своите играчи, тоа ни успеа“ изјави Штимац.

Фото: index.hr

Пронајдете не на следниве мрежи: