Ѓоковиќ и Мари финалисти во Шангај

 

Вториот и третиот тенисер на АТП листата, Новак Ѓоковиќ и Енди Мари, ќе играат во финалето на Мастерс турнирот во Шангај.

Ѓоковиќ, кој минатата година не играше на овој турнир, во полуфиналето го победи чешкиот играч Томаш Бердих со 2:0 (6:3, 6:4). Српскиот тенисер против Бердих ја забележа 11-та победа во нивниот 12-ти дуел. 

Мари, бранителот на титулата во Шангај во второто полуфинале го победи првиот носител Роџер Федерер со 2:0 (6:4, 6:4). Мари против Федерер ја забележа десеттата победа во меѓусебните дуели, Британецот на последните два меча со Федерер не загуби ниту еден сет. 

Мари нема пораз на турнирите уште од УС Опен, каде ја освои својата прва грен слем титула.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: