Младите надежи поразени од Ирска

Младата селекција на Македонија за играчи до 19 годишна возраст изгуби во дуелот со нивните врсници од Ирска со 0-1.

Дренан во 81-вата минута од мечот го постигна единствениот гол на мечот.

Селекторот Јакупи играше во следниов состав…

Илиев, Муслиу, Зајков, Бејтула, Трајковиќ, Талевски, Велкоски, Алими, Љума, Ангелов и Николов. Како резерви влегоа во игра Рамадановски (Муслио 46), Каримани (Трајковски 65) и Денковски (Велкоски 78). Од клупата не добија шанса Мирчевски, Алексовски, Наумоски и Џинов.

Следниот натпревар нашите млади фудбалери го играат со Луксембург во Вторник со почеток од 19 часот.

Инаку што се однесува до групата, слабо котираме, од два натпревари не освоивме ниту еден бод, изгубивме 5-0 од Германија а веќе вториот е последниов меч со Ирска.

Фото: ФФМ

Пронајдете не на следниве мрежи: