Фото: Давид Бабунски на натпреварот со Андерлехт

Давид Бабунски во портокаловиот дрес на Барселона, во средата одигра цел натпревар за својот тим, младинскиот тим на Барса, на гостински терен одиграа 0-0 со Андерлехт.

Нашиот интернационалец одличен во дресот на младинскиот тим на Барса, во „NextGen series“ или како што ние си ја нарекуваме „Лига на Шампиони“ за млади фудбалери, имаше забележителен настап.

Инаку, како мал податок и информација околу овој натпревар, дури 8,500 гледачи имаше на стадионот на Андерлехт, каде тамошните љубители на фудбалот пред се дојдоа со свои очи да се уверат во раскошниот талент што го поседуваат „Новиот Меси“ односно младиот Кесада, и „Новиот Иниеста“, односно нашиот Давид Бабунски. Тамошни белгиски медиуми на големо анализираа околу тоа кои од младите фудбалери на Барса ги носат тие епитети, па токму на тие извори се темелат овие претпоставки.

Фото: www.nextgenseries.com (Давид Бабунски, прв од десно, долниот ред)

Во пресрет на натпреварот Белгиските медиуми пишуваа мошне интересни статии и анализи… 

Давид Бабунски, новиот Иниеста!!!

Поврзани вести:

Бобан Бабунски и младите фудбалски надежи денес ја пишуваат ФУДБАЛСКАТА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ФОТО: Давид Бабунски настапи за Барселона во дуелот со Тотенхем

Пронајдете не на следниве мрежи: