Бронзен медал на Симон Антиќ на Светски карате куп во Атина

Loading...

 

Македонскиот претставник во најпрестижната светска лига во карате, скопски „Макпетрол” со успехот на неговиот млад каратист Симон Антиќ успеа да дојде до значаен успех и освојување на бронзениот медал.

Во саботата во грчката престолнина Атина, на Светскиот карате куп кој е дел од ,Светската 1 Премиер карате лига, Симон Антиќ со освојувањето на третото место направи вистински подвиг на натпреварувањето во кое земаа учество 28 држави од целиот свет.

 

„Пресреќни сме среќни и задоволни, бидејќи нашиот натпреварувач член на Карате клубот ‘Макпетрол', успеа во Атина да го освои бронзениот медал. Симон Антиќ беше карате натпреварувач од Македонија кој замина на овој Светски куп. Тој има само 19 години и ние добивме уште еден каратист кој има високи потенцијали за остварување на вредни спортски резултати за во иднина. Успеавме да освоиме медал на едно натпреварување од најелитната Светска 1 Премиер карате л. Да потсетиме дека Симон Антиќ оваа година на Европското првенство кое се одржа во Баку, Азербејџан, се бореше за бронзениот медал, но, за жал, не успеа да го освои и на крајот мораше да се задоволи со високиот пласман на петтото место. Еве, сега во Атина, докажа дека тој е многу перспективен млад натпреварувач од кого во иднина треба да се очекуваат многу вредни постигнувања”, рече Бошко Заборски, тренер на каратистите на КК „Макпетрол” и на најдобрите макеоднски каратисти.

Антиќ настапи во дисциплината борби во полутешка категорија (- 84 килограми). Тој до медалот стигна откако во првото коло го победи со максимален резултат домашниот натпреварувач П.Канелис со 8:0, во второто коло се сретна со репрезентативецот на Египет, Х.Кешта повеќекратен медалист и искусен натпреварувач. Во тој натпревар Симон Антиќ загуби со резултат 1:4, а откако подоцна претставникот на Египет влезе во финалето и македонскиот натпреварувач доби шанса преку репасажните борби да се бори за бронзениот медал.

Во првата репасажна борба или поточно во третото коло, прво се сретна со репрезентативецот на Кипар, С.Зевларис кого го совлада со резултат 8:0, а во четвртото коло во борбата за бронзен медал Антиќ беше подобар од М.Махамут од Индонезија со резултат 4:1, и со таа победа го освои третото место и бронзениот медал.

„Многу сум среќен, бидејќи ова е прв медал што го освојувам на еден Светски куп. Медалот ми е посебно драг бидејќи е дел од Светската лига и тука во Атина беа речиси сите најдобри каратисти во сениорска конкуренција. Тоа што сум сѐ уште јуниор не преставуваше никаква пречка за мене, напротив имав мотив повеќе кога се борев и ги победував постарите и поискусни каратисти. Се надевам дека и во иднина достојно ќе ја репрезентираме со нашиот клуб ‘Макпетрол', државата Македонија и македонското карате”, рече Симон Антиќ, инаку македонскиот јуниорски репрезентативец,

 

Макфакс

loading...
Loading...