Јаневски: Јас сум првиот што ќе го заштити Богатинов!!!

Чеде Јаневски застана зад Мартин Богатинов, напоменувајќи дека вакви грешки правеле и поголеми голмани од него.

„На сите тешко ни падна поразот од Хрватска. Не е тајна дека Богатинов на тој натпревар погреши при вториот гол, но грешки правеле и поголеми голмани од него. Него му треба поддршка, јас сум првиот кој ќе го заштити, не само него туку и сите мои играчи.“ изјави Јаневски на денешната прес-конференција во пресрет на утрешниот дуел со Србија.

Пронајдете не на следниве мрежи: