Ибраими станува миленик на љубителите на фудбалот во Македонија

Агим Ибраими, големиот борец веќе станува миленик на публиката, сите го отпоздравуваат фудбалерот кој игра со срце за Македонија, пофалбите не стивнуваат, насекаде само поддршка за нашиот репрезентативец.

Дел од фудбалерите кои ги начекавме во и околу хотелот „Александар Палас“ со погледите кон натпреварот со Србија, сосема опуштено го чекаат дуелот, многумина од нив ни ветија дека ќе дадат се од себе да направат добар резултат на утрешниот дуел.

Агим Ибраими, тој беше во фокусот во хотелот „Александар Палас“, сите го поздравуваа, меѓудругото и му упатија барање: „Агим, и утре очекуваме гол од тебе!!!“.

Нема сомнение, големиот дел од играта на нашата селекција се потпира на овој голем борец на теренот, многумина по натпреварот со Хрватска упатуваа пофални зборови за Ибраими и го посочија како главен играч на нашата селекција во моменти кога е најпотребно, голем борец што игра со срце за својата селекција, дефинитивно станува миленик на Македонската публика.

Фото: index.hr

Пронајдете не на следниве мрежи: