Момент на одлука, победа или неколку чекори наназад…

Нашата селекција на мегдан со селекцијата на Србија, денес со почеток од 20,30 часот нашите репрезентативци ќе се обидат да се вратат во ритам по неславниот меч со Хрватска каде изгубивме благодарение на грешките во сопствените редови.

Селекторот Јаневски најави 2-3 измени во составот, како што и тој нагласи, играта на Србија е анализирана, се очекува поправен на „Филип Втори“ по „шокот“ од Хрватска.

Ова е мошне важен момент, клучен момент од кој ќе зависат понатамошните надежи за пласман во самиот врв на табелата, се освен победа на овој дуел ќе ја врати нашата селекција чекори наназад во битката за врвот.

Натпреварот се игра со почеток од 20,30 часот на „Националната Арена Филип Втори“ во Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи: