Армстронг плаќал за да му носат EPO

 

Ленс Армстронг, седумкратен победник на најпрестижната велосипедска трка во светот „Tour de France“, тоне сè подлабоко. Тајлер Хамилтон соопштил нови детали околу тоа, како Армстронг користел допинг.

„На Трката околу Франција во 1999 година имавме еден моторциклист кои нè следеше во текот на тие три недели. Секогаш беше во близина на хотелите во кои бевме сместени, тука ни испорачуваше EPO. Знаевме дека и другите ризикуваат, па моравме и ние“, изјавил за радиото на BBC, Хамилтон. 

Поранешниот тимски колега на Армстронг открил и како бил награден моторциклистот. 

„Ленс му плати помеѓу 15 и 20 илјади долари, а кога тој победи на трката сите собравме пари и му купивме часовник Ролекс. Тоа момче и денес оди по светот и носи златен часовник Ролекс на својата рака“. 

Армстронг би можел да остане без сите свои титули, доколку Меѓународната велосипедска федерација, ја потврди одлуката на Американската анти-допинг агенција, која му ги поништи сите резултати поради користење на недозволени средства.

 

Макфакс

 

Пронајдете не на следниве мрежи: