Koжа за оваа сезона

 

За оваа сезона, популарни се кожните парчиња на облека во сите бои и сите видови. Без разлика дали се работи за вистинска кожа или скај, овој тренд е длабоко вкоренет во сите колекции на модните брендови за оваа зима.

 

Освен кожните јакни кои за оваа година се must have детал, парчињата облека како што се фустанчиња, здолништа, панталони или капут и ненадминливите кожни чизми се апсолутен хит за оваа сезона.

Но кожните парчиња на облека совршено се вклопуваат и со други материјали како што се волната за украс, штофот за капутите, па дури и памукот како детал на панталоните или фустанчињата.

Кога е во прашање бојата, кожата повторно е непогрешлив избор. Играјте си со боите, можете да облечете зелено, окер или црвенo.Во секој случај не би промашиле…

 

Погледнете ги и следниве статии:

Fashon week, Spring 2013 – Најдобрите обувки за следната 2013 пролетна сезона 

Дизел секси долна облека за оваа зима

Едноставен накит, за гламурозен стајлинг!

Пронајдете не на следниве мрежи: