Попов и Ристиќ отстранети од тимот пред мечот со Србија

Македонската фудбалска репрезентација го започнува мечот кој во секој миг треба да почне против Србија без Горан Попов и Стевица Ристиќ.

Двајцата биле исклучени од редовите на репрезентацијата поради недисциплина, кусо им објасни на репортерите на трибините непосредно пред натпреварот портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски.

Така Македонија четвртиот меч од овој циклус квалификации за Светското фудбалско првенство во 2014 година ќе го започне со Пачовски на голот, Георгиевски, Лазевски, Новевски, Грнчаров, Тасевски, Глигоров, Демири, Хасани, Ибраими и Ивановски.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: