Македонија ја надигра Србија, прва победа во квалификациите за „црвено-жолтите“

Фудбалската репрезентација на Македонија, ја забележа првата победа во квалификациите за пласман на Светското првенство, чии домаќин во 2014 година ќе биде Бразил.

Македонската репрезентација против Србија го одигра најдобриот меч во досегашниот тек од квалификацискиот циклус, за што беше наградена со победа.

Избраниците на Чедомир Јаневски, носени од френетичната публика, доминираа во текот на целиот меч, не дозволувајќи му на протвникот да создаде посериозна шанса за постигнување гол. 

Пред почетокот на натпреварот српските навивачи истакнаа грчко знаме, што беше знак за припадниците на специјалната полиција да интервенираат на тој дел од трибината. На таквата провокација македонските навивачи одговорија со исвиркување на српската химна. 

Давајцата селектори стартуваа со изменети состави во однос на натпреварите против Хрватска и Белгија, кои ги загубија на домашен терен. 

Јаневски, покрај повредениот Шиков и суспендираниот Пандев, тимот го состави и без Попов и Ристиќ, кои ги отстранил од екипата поради недисциплина. Пачовски, Лазевски, Хасани, Тасевски, Глигоров, Ивановски и Грнчаров започнаа во однос на тимот кој стартуваше против Хрватска. 

Најголемото изненадување кај српскиот селектор Михајловиќ беше неиграњето на капитенот Ивановиќ, кој остана на клупата, на неговото место стартуваше Томовиќ. 

Без оглед на важноста на натпреварот, двете репрезентации започнаа отворено, со определба да го нападнат противничкиот гол. 

Македонската селекција во првиот дел потсети на игрите од првите две средби против Хрватска и Шкотска.  Хасани и Тасевски беа двигатели на сите акции на „црвено-жолтите“, а особено сигурно, во првиот дел делуваше дефанзивната четворка. 

Тактиката на Јаневски, со куси додавања да се освојува теренот, им го донесе поседот на топката на неговите избраници, Србија кон голот на Пачовски се закануваше едниствено преку слободните удари на Коларов. Двата негови обиди од 30-тина метри завршија крај голот на Пачовски. 

Најдобрата шанса во првите 45 минути ја имаше Мирко Ивановски, кој една длабинската топка која ја доби од Тасевски успеа да ја примири, но од 14 метри биеше многу непрецизно.

Ништо во играта на двата тима не се смени ниту во второто полувреме, Македонија ја контролираше играта, а Србија во фаза на нападот делуваше анемично. 

На тој начин настаните се одвиваа се до 58-та минута, кога Тасевски во празно го исфрли Хасани, крилниот напаѓач влезе во шеснаесетникот по шт од зад грб го полече Томовиќ. Холансдскиот судија Нијхуис веднаш покажа на белата точка, а Томовиќ го испрати во соблекуваната. 

Сигурен изведувач на пеналот беше Агим Ибраими, го испрати Бркиќ на една, а токата на другата страна. Македонија во 59-та минута поведе со 1:0.

Веднаш по прмениот гол, Србија имаше сериозна шанса, Тадиќ нанижа тројца играчи но од непосредна близина биеше крај голот на Пачовски. 

По постигнатиот гол македонските фудбалери му ја препуштија топката на противникот обидувајќи се од контранапади да го загрозат противничкиот гол. 

Фејса во 85-та минута ја имаше најсериозната шанса за Србија, кога по повратната топка на Лекиќ, шутираше по среднината на голот, но Пачовски одбрани.

Макфакс

Судири помеѓу македонските специјалци и српските хулигани

Попов и Ристиќ отстранети од тимот пред мечот со Србија

Пронајдете не на следниве мрежи: