Хилари Мантел добитничка на наградата Man Booker

Годинешна добитничка на една од најпрестижните светски книжевни награди, е британската писателка Хилари Мантел за нејзиниот роман „Bring up the Bodies“, објави официјалната интернет страница на наградата Man Booker.

Хирали Мантел кој беше една од фаворитите за оваа награда, така стана првата британска писателка добитник на вредната награда, откако претходно во 2009 година го доби истото признание за романот „Wolf Hall“.

Двата романа „Wolf Hall“ и „Bring up the Bodies“ се деловите од трилогијата на Мантел посветена на ликот на Томас Комвел, советник и министер на англискиот крал Хенри Седми.

За признанието најдобар роман објавен изминатата година на англиски јазик конкурираа уште и делата „Umbrella“ на Британецот Вил Селф, дебитантскиот роман на индискиот поет Џит Тајил „Narcopolis“, Малезиецот Тан Тван Енг со „Тhe Garden of Evening Mists“, како и Алисон Мур со „The Lighthouse“.

Сите автори кои влегоа во потесниот избор добиваат парична награда од по 2.500 евра, и по нарачка направено специјално рачно навезено издание, а победникот добива и дополнителни 50 илјади фунти.

Жирито годинава го сочинуваа уредникот на книжевниoт додаток на весникот Times, Питер Стотхард, како претседател, како и книжевната критичарка Дина Бирч, историчарката и писателка Аманда Фореман, актерот Дан Стивенс и академикот и писател Барт Тандон.

„Мислам дека изминатите години не прочитав ниеден роман на некој британски книжевник кој има таква целосна контрола над прозата“, рекол Стотхард образлагајќи ја наградата.

Победникот беше прогласен во вторникот навечер на специјалната свеченост во лондонскиот центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: