Јаневски: Победи нашата желба, борбеност и дисциплина

Loading...

 

Чедомир Јаневски во својот четврти натпревар ја забележа првата победа како селектор на фудбалската репрезентација на Македонија. Неговите избраници, во вторникот, ја победија Србија со 1:0, со голот кој од пенал во 59-та минута го постигна Агим Ибраими.

„Им честитам на фудбалерите, многу ми е драго што оваа победа доаѓа по критиките кои ги добивме по поразот од Хрватска. Јас и тогаш реков дека тоа беше само еден лош ден. Одигравме еден добар и цврст натпревар против една силна Србија, која е еден од фаворитите во групата“, рече Јаневски на прес конференцијата по натпреварот. 

Македонскиот селектор на Србија и се спротистави со видно изменет состав, во однос на претходните три натпревари: Пачовски, Грнчаров, Лазевски, Хасани и Тасевски добија можност да играат поради повредата на Шиков, парните жолти картони на Пандев и дисциплинската мерка која Јаневски пред натпреварот ја примени врз Попов и Ристиќ. 

„Имаме воспоставено некои кодови за однесување на теренот и надвор од него, тие тоа не го испочитуваа и решив пред натпреварот да ги отстранам од тимот“.

Составот на Јаневски против Србија ги повтори изданијата од првите две средби, со Хрватска во Загреб и Шкотска во Глазгов. Оние кои истрачаа на теренот во најголем дел ја спроведоа фудбалската филозофија на Јаневски, со прецизни и куси проигрувања целосно ја добија битката во среднината од теренот, каде во преден план беа Тасевски и Хасани. Линиите во тимот фукнционираа компактно, па со таква дисциплинирана игра Србија првата шанса за гол ја имаше по нешто повеќе од еден час игра. 

„Во текот на сите 90 минути покажавме желба, борбеност, дисциплина. Одигравме добар натпревар и освоивме бодови. Мислам дека пред овој натпревар немавме никаков притисок од јавноста и тоа како да им ја олесни работата на играчите“, рече Јаневски, кој

Македонија по четири одиграни кола во А групата, заедно со Србија се наоѓа на делба на третата позиција, двете селекции имаат по четири бода. На врвот на табелата со по 10 бодови се издвоија Белгија и Хрватска, додека зад Македонија и Србија се Велс со три и Шкотска со два бода.

 

Макфакс

 

loading...
Loading...