Анализа: Изгинаа на терен, тимскиот дух, тимската сплотеност ја красеше нашата селекција

Македонската репрезентација сплотена, тимската игра ја краси нашата селекција, ден по натпреварот сеуште лавина од позитивни реакции од Македонската публика, прекрасна атмосфера по победата над Србија, докажавме дека можеме!

Убави моменти на „Филип Втори“, докажавме дека можеме да бидеме со репрезентацијата и во најтешките моменти, фудбалерите возвратија со голема борба на теренот до последниот свиреж на судијата.

Мора да се нагласи и моментот кога фудбалерите излегоа на загревање, најубавиот момент се случи кога Богатинов, Наумовски и Пачовски излегоа на терен. Публиката со аплауз ги поздрави своите репрезентативни голмани, Мартин Богатинов кој беше трагичар на натпреварот со Хрватска возврати кон нашата публика и возврати на публиката на поддршката аплаудирајќи кон неа, тоа беше прекрасен момент исполнет со преголем спортски-фудбалски фанатизам.

Убави моменти, дел од прекрасните моменти беше и претходно наведениот случај со Богатинов, но, понатаму не само на трибината, имаше прекрасен ТИМСКИ ДУХ и долу на теренот, каде фудбалерите се поддржуваа, си упатуваа меѓусебна поддршка, сето тоа не чинеше голема победа и голема радост.

Да сумираме,

Пачовски се покажа како добар и солиден на голот, на неколку пати одличен во интервенциите и сосема сигурен, ја оправда довербата на Јаневски.

Одбраната блескаше, Новески ја зацементираше одбраната, голем предводник, Грнчаров ги доби воздушните дуели, тоа и се очекуваше од него, по левата бековска страна потполно изненади Лазевски, можеби ретко кој очекуваше дека ќе одигра толку добар натпревар, десниот бек Георгиевски со уште еден одличен натпревар за нашата селекција.

 Убаво беше кога во средниот ред Глигоров ќе му дадеше поддршка на Демири, или обратно, момците изгинаа на теренот до последната секунда од мечот, а токму средниот ред беше еден од клучните фактори во оваа победа. Тасевски внесе свежина и технички дотерана игра, на неколку пати добри упати топки до Хасани и Ивановски со кои ги вметна во сериозни шанси за гол. Агим Ибраими повторно со одличен настап за нашата селекција, несомнено играч на натпреварот, си поигруваше со репрезентативците на Србија, располага со одлична техника, брзина и снаодливост во противничкиот простор, Српските дефанзивци по левата страна мака мачеа со маестралниот Ибраими, кулминацијата на неговата прекрасна игра беше 59-тата минута, каде „сервирајќи му на тацна“ топка на Хасани, по одличното смирување со гради од Хасани, дефанзивецот на Српската селекција направи фаул и беше досуден пенал. Хасани исто така ја изненади Македонската публика, се бореше како и останатите до самиот крај, при прекршокот за пенал, го посочи Ибраими како фудбалер кој треба да ја превземе одговорноста, момент кој е за поздравување, сите останати фудбалери ја прифатија таа сугестија, во духот на тимската сплотеност, Ибраими ја презеде одговорноста и се случи „ерупција“ на задоволство, „Филип Втори“ крцаше…

Ивановски во нападот покажа голема борба и пожртвувана игра, нема дилеми, одлично се снајде, играше како најистурен во нападот и целосно ја оправда довербата кај Јаневски.

Сепак, во позадина се случија недоразбирања на релација играч-селектор, работи кои се надеваме дека нашиот селектор ќе ги реши, Попов потфрли на дуелот со Хрватска, Ристиќ не ги исполни очекувањата, тука нема никакви дилеми, но, селекторот одлучи, и сите треба да ги почитуваат тие одлучи. Што е суштината, која е пораката? Пораката е јасна, ИВАН ТРИЧКОВСКИ, фудбалерот на Белгиски Бриж одигра мошне слаб натпревар на натпреварот со Хрватска, но, тоа тој најмалку го посакува, не смееме да ги заборавиме неговите претходни добри игри за нашата селекција, едно е јасно Тричко сеуште не е вратен во посакуваната форма по повредата, и тука нема никакви дилеми, му посакуваме повторно да „гази“ за Македонија, како во претходните натпревари. Поентата е следна, Тричковски како голем професионалец ја прифати реалноста, ја прифати одлуката на селекторот да натпреварот со Србија го почне на клупа, а да на негово место во почетниот состав почне Хасани. Одлуката на селекторот се покажа како една од клучните фактори за победа на овој меч, Хасани возврати со голема и пожртвувана борба во текот на целиот меч, а неговата соработка со Ибраими остави најголем впечаток, тандем кој функционираше маестрално во текот на целиот натпревар. Но, аплаузите одат и на адреса Иван Тричковски, потег со кој покажува и докажува како се работи во националниот тим, и како во иднина треба да се работи.

Селекторот Јаневски ја има целосната поддршка, успеа да го крене тимот во најтешките моменти, успеа да направи промени во тимот по поразот од Хрватска, промени за кои беа потребни храброст и смелост, Јаневски беше храбар, храброста го чинеше 3 бода против фаворитот Србија.

Честитки Македонијо, со ваков ТИМСКИ ДУХ да ги пречекаме и Белгија, Шкотска и Велс.

Фото: uefa.com

Пронајдете не на следниве мрежи: