Самарџиски солиден во поразот на Лијетувос Ритас

Loading...

 

Лијетувос Ритас, во чии редови настапува македонскиот репрезентативец, Предраг Самарџиски, загуби од Барселона во второто коло, во Евролигата.

Литванскиот преставник, во рамките на Д групата е поразен со 47:69 (8:13,17:14,11:20,13:20). 

Македонскиот репрезентативен центар на паркетот мина 14:31 минути, време за кое оствари четири поени и исто толку скокови, две блокади и две загубени топки.

Леон Радошевиќ со 11 поени беше најефикасен играч на домашната екипа, додека Барселона ја предводеше Хуан Карлос Наваро со 13 поени. 

Екипата на Самрџиски и по второто коло е без победа, додека Барса има максимален ефект по првите две кола. 

Во следното коло, на 25-ти октомври, Лијетувас Ритас ќе го пречека Партизан, додека Барселона ќе му биде домаќин на Бешикташ.

 

Макфакс

извор: макфакс

loading...
Loading...