Сато приведен во Љубљана поради фалсификуван пасош

Loading...

 

Кошаркарот на Фенербахче Ромејн Сато бил задржан на аеродромот во Љубљана од страна на словенечката полиција, која се посомневала дека неговиот пасош е лажен.

Сато поседува пасош на Централноафриканската република, по деталниот преглед било утврдено дека во него постојат печати од земји во кој кои кошаркарот никогаш не престојувал, а исто така серискиот број на пасошот не одговарал на важечките броеви на пасошите кои ги издава оваа земја. 

Полицијата на аеродромот „Брник“ , пасошот на Сато го окарактеризирала како „многу лош фалсификат“. 

Кошаркарот веднаш добил забрана за влез во Словенија, а можна е и негова депортација во Централноафриканската република.

 

Макфакс

 

loading...
Loading...