5 фотографии на кои никако не им е место на социјалните мрежи

Loading...

Ако сакате да се заштитите себеси и вашите блиски, треба да се воздржите од објавување одредени фотографии на социјалните мрежи.
1. Авионска карта
Инстаграм е преполн со фотографии од пасошите и авионски карти од пресреќните патници кои на социјалните мрежи сакаат да го објават баш секој дел од своето патување. Избегнувајте го тоа, особено ако имате јавен профил или пак приватен со голем број непознати следбеници кои ги прифаќате на Инстаграм.
Авионската карта содржи информации за вашата дестинација и точен термин на тргнување и враќање од патувањето, а токму тоа се информациите кои крадците ги бараат на социјалните мрежи. Истото важи и за хакерите кои врз основа на шифрата на резервацијата (PNR), можат да дојдат до вашиот број на телефон, датум на раѓање или податоци од пасошот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jane Nikolaeva (@dailytapas)


2. Било какви фотографии поврзани со финансиската состојба
Паричник, кредитни картички, потврда од банка или од банкомат, било каква потврда поврзана со вашата финансиска состојба никогаш не смее да биде на фотографија, а понекогаш (случајно или намерно) се појавуваат и такви информации.
3. Службен мејл
На социјалните мрежи често можете да наидете на разни ‘screenshots’ од приватни комуникации кои луѓето ги објавуваат за да ги насмеат следбениците со некоја печатна грешка или смешен коментар.
Избегнувајте ги овие ‘screenshots’ од службените мејлови за случајно да не откриете некои важни информации кои мора да останат доверливи. Не заборавајте дека во тоа спаѓаат и приватните мејл адреси од вашите колеги или соработници.
4. Документи
Не е важно дали се работи за лични документи или, на пример, судски решенија, извадоци од земјиште и разни документи од тој вид – никогаш не ги објавувајте на социјалните мрежи. Луѓето имаат навика да го направат тоа кога бараат некаков совет и не сфаќаат дека така откриваат информации на кои не им е место на интернет.
5. Фотографии од деца (кои не се ваши)
Никогаш не објавувајте фотографии од туѓи малолетни деца без дозвола на нивните родители или старатели.
Повеќето родители сакаат да имаат целосна контрола над тоа, и со право, особено кога се работи за бебиња и мали деца. Интернетот е преполн со предатори и тоа е причината поради која мора да бидете внимателни кога објавувате такви фотографии.

loading...