5 работи кои додаваат сексапил кај мажите

Погледнете ја селекцијата на француското списание од 5 работи за кои се категорични:

Сурфање – Сурфањето како спорт, според француското истражување, е најсексапилниот спорт според жените.

Свири на гитара – Сите жени се како маѓепсани штом чујат како маж свири на еден од најпознатите музички инструменти – гитара.

Чита книги – се разбира, во оваа листа на француското списание очигледно доминираат одговорите на жени – интелектуалки, кои сметаат дека читањето книги освен што придонесува во образованието е и доста секси.

Сака животни (најчесто кучиња) – Ако мажот до вас сака животни, тоа е најсигурниот знак дека тој ќе биде добар татко, сметаат Французинките.

Има странски акцент – Акцентот на еден маж, според студијата, го прави пеколно секси. Според направеното истражување, Французинките повеќе би сакале за дечко да имаат странец отколку типичен Французин, бидејќи сакаат да запознаат нова култура, различна од нивната.

 

 

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.