5 фантастични причини зошто е добро да каснете чоколадо веднаш

Не сме сигурни дали постои човек што не ужива во чоколадото. Повремено се појавуваат разни истражувања кои ни посочуваат околу тоа дали е или не е здраво јадењето чоколадо.
Ние пак во продолжение ќе ви презентираме фантастични пет причини зошто е добро да земете чоколадо уште додека го читате текстов.
1. Научниците во една британска студија, во која учествувале 968 луѓе на возраст од 23 до 98 години, откриле дека консимурањето чоколадо има бројни корисни страни. Резултатот покажал дека оние што јаделе чоколадо почесто, биле подобри во визуелно паметење, имале подобро паметење генерално, подобра концентрација. Супстанцата во чоколадото која влијае позитивно на менталните активности се нарекува „како фаванол“. Во најголема мерка се создржи во темното чоколадо, односно црното. Сепак, не претерувајте.


2. Стресот е еден од најголемите причинителни на срцевите болести, особено во денешно време. Сигурни сме дека ќе ве израдува информацијата дека чоколадото може да ви помогне да го намалите стресот. Имено, редовното уживање во чоколадо со висок процент на какао, го намалува стрес-хормонот – кортизолот и адреналинот.
3.Оние што дневно внесуваат од 15 до 100 грама чоколадо во сите можни облици – од чоколадни слатки до чоколадно млеко, имаат намален ризик од срцев, но и мозочен удар, за разлика од оние што „не се по чоколадото“.


4. Не постои ниту една намирница која содржи повеќе антиоксиданси од сировото какао. Колку е важно консумирањето на зеленчук и овошје, толку и чоколадото може да му помогне и на вашето тело. Покрај превенирање на споменатите болници, супер е за намалување на брчките на лицето.
5. Можеби веќе сте слушнале за истражувањето во кое жените водат „борба“ околу тоа што е поголемо уживање – чоколадото или водењето љубов. Докажано е дека чоколадото има подеднакво влијаније на мозокот како и водењето љубов. Таа го произведува хормонот на среќата и чувството на радост и задоволство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.