Кафето и чајот се двата најпопуларни пијалаци наутро. Иако повеќето луѓе сакаат да го започнат денот со кафе, некои сепак се одлучуваат за шолја чај.
Научниците се занимавале со придобивките од двата напитоци и му дале мала предност на кафето, а еве и зошто.
Кафето ќе ви помогне во утринското вежбање
Ако сакате да вежбате веднаш по будењето, кафето е идеален избор за утрински енергетски удар. Земајќи го предвид фактот дека кафето содржи повеќе кофеин од чајот, тоа може да ги подобри вашите физички перформанси и да го намали уморот од вежбање.
Кафето е добро за концентрација
Дали треба да се концентрирате додека учите за испит или додека учествувате во активност која бара фокус? Во овој случај, кафето е подобар избор. Бидејќи содржи поголема количина на кофеин, тоа ќе ви помогне да останете будни и да правите активности и во текот на ноќните часови.
Кафето подобро ги поттикнува когнитивните процеси
Чајот е пијалак кој содржи кофеин и Л-теанин кој ќе ви помогне да се опуштите, бидејќи кофеинот комуницира со аденозинските рецептори во нашиот мозок и го намалува чувството на умор.
Имајќи предвид дека поголемите концентрации на кофеин во крвта можат да се појават само 15 минути откако ќе го испиете, станува јасно зошто кафето е единствениот пијалак кој дава моментална енергија.
Кафето може да помогне во губењето килограми
Постојат студии кои сугерираат дека консумацијата на кафе е поврзана со пониското ниво на масти. Студиите спроведени врз животни покажале задоволителни резултати. Уште едно интересно истражување укажува дека хлорогената киселина е моќна супстанца за намалување на телесната тежина, што потврдува дека кафето е добар избор за оние кои сакаат витка фигура.
Кафето може да ја намали шансата за развој на дијабетес
Студиите покажуваат дека кофеинот може да ја намали шансата за развој на дијабетес. Само 3 шолји кафе на ден доведуваат до намалување на ризикот од 42 отсто. Но, не сметајте дека пиењето кафе е доволно за да го заштитите организмот од оваа болест; неопходно е да се придржувате и до здравиот начин на живот.