5200 основци во Општина Кисела Вода ја почнаа учебната година

5200 основци во Општина Кисела Вода ја почнаа учебната годинаЗа околу 5200 основци денес во Општина Кисела Вода училишното ѕвонче го означи почетокот на новата учебна година.  Првпат во училишните клупи седнаа вкупно 616 првачиња, во осумте основни училишта во Кисела Вода.За потсетување, изминатиот период Општина Кисела Вода правејќи напори да обезбеди подобри услови за учениците на својата територија реалзираше бројни проекти.Беше изграден нов училишен објект за ООУ „Рајко Жинзифов  симбол на кинеско – македонското пријателство“, во кое започнаа градежни активности за изградба на нова училишна спортска сала.Исто така и основците од ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ добија нов училишен објект, како и енергетски обновена спортска училишна сала. Инаку, ова училиште кое е со површина од 2.200 метри квадратни има капацитет во две смени да прими 600 ученици.Покрај ова, беше извршена темелна обнова и на повеќе други основни училишта на територија на општина Кисела Вода.Целосно беше реновирано централното основно училиште “Круме Кепески”, во кое беше извршена целосна замена на кровот, беа заменети постојните со нови прозори, се изврши и реконструкција на санитарните јазли, а беше поставена и ограда на училишниот двор. Исто така целосна реконструкција беше извршена и во ПОУ “Круме Кепески” во Припор, во кое се изврши замена на фасадата со енергетски ефикасна, беа заменети прозорците, а беше обновен дотраениот покрив, а се постави и ограда на влезот на училиштето. Во истото беше отворена и првата детска градинка во Припор “Стапалче“ во која се изгради современо детско игралиште, а во дворот на истата изградена е и летна училница. Инаку оваа градинка се загрева со помош на биомаса.Темелна реконструкција се изврши и во Подрачното Основно Училиште ”Кузман Јосифовски Питу” во населбата Црниче, објект во кој се отвори и првата детска градинка во оваа населба. Во овој објект беше извршена реконструкција на кровот, фасадата и столаријата, а се постави и ограда на истиот. Покрај ова , во истото се изгради и повеќенаменско игралиште. Инаку ова е прв јавен објект во Македонија кој се загрева со биомаса.Во објектот на  ООУ “Кузман Шапкарев“ во населбата Драчево беше извршена замена на прозори, реконструирани се дел од тоалетите, а се врши и поставување на нова енергетска фасада. Во кругот на истото извршена е и изградба на спортска инфраструктура.Реконструктивни зафати беа изведени и во ОУ “Кирил Пејчиновиќ”, во кое се изврши комплетна промена на столаријата, а беа реконструирани и тоалетите, во моментов во истото општината го обновува подот на училишната спортска сала.Воедно, Општина Кисела Вода за што поголема безбедност на учениците кои ги посетуваат основните училишта, пред повеќето од нив заврши преобележување на пешачките премини.За таа цел, преобележување на хоризонтална сигнализација беше извршена пред основните училишта “Невена Георгиева Дуња“, “Кирил Пејчиновиќ“ и “Круме Кепески“. Воедно преобележување на хоризонтална сигнализација беше извршена и пред ПОУ “Кузман Јосифовски – Питу“ во кое е сместена и градинката градинката “Перуника” во населбата Црниче.Покрај ова, преобележување на хоризонталната сигнализација беше извршена и пред градинката 8 ми Март во Пржино.Со ова , локалната самоуправа направи уште еден чекор напред за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.Општина Кисела Вода на сите ученици им посакува успешни училишни денови.За околу 5200 основци денес во Општина Кисела Вода училишното ѕвонче го означи почетокот на новата учебна година.  Првпат во училишните клупи

Пронајдете не на следниве мрежи: