4 модни додатоци кај жените кои мажите ги презираат

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Секоја жена која со задоволство ќе го избере својот омилен моден додаток, го носи гордо и смета дека во него изгледа убаво и посакувано. Сепак понекогаш машкиот мозок не функционира на ист начин, па тоа што на жените им е убаво и тренди тие го сметаат за вистинска катастрофа. Ви ги претставуваме 4 модни парчиња во кои мажите не сакаат да ги видат жените.

Широки фустани:

Долги и кратки фустани во облик на широко ѕвоно се модели кои за мажите се само лош избор. Фустанот кој ќе ги нагласи вашите женски облини за нив е секогаш добар избор, освен ако не сте бремена.

Но без разлика на желбите и барањата на припадниците на спротивниот пол, се сомневаме дека некоја од жените ќе го отстрани од својот орман својот омилен беби-дол фустан која е совршено оружје против отоците кои ги предизвикува ПМС-от.

‘Мекани ’ чизмички:

Овој модел на удобни чизми кои комотно можат да им конкурираат на топлите папучки за по дома, мажите едноставно ги презираат од првиот ден откако ги здогледале на елегантните нозе на жените. Токму затоа ги нарекуваат анти-високи потпетици.

Иако сме свесни дека овие гломазни чизми кои можат да се најдат во различни бои, величини и модели се мал трендовски трик кој е вметнат толку длабоко во модниот свет, а не се ни најмалку елегантни, дури не се ни посебно убави. Жал ни е, но нивната удобност ги руши сите предрасуди.

Огромни очила за сонце:

Познатите ‘мува’ очила за сонце кои го покриваат прилично целиот женски лик иако се сеуште популарни, сепак на мажите воопшто не им се допаѓаат. Мажите сметаат дека женските очи и насмевка се најубавиот украс на лицето, а токму ваквите очила ја прекриваат сета магија на женската убавина.

Иако очилата за сонце се омилен, но и доста корисен моден детал, пред да го изберете вашиот ‘мува’ модел немојте да заборавите на едно правило: Никогаш немојте да носите очила кога разговарате со некого, во затворен простор или откако ќе зајде сонцето.

Чевли на платформа:

Мажите никако не можат да се помират со фактот дека овие гломазни платформи се сметаат за достојна замена за елегантни високи потпетици. Со оглед на тоа дека се нешто поудобни, голем број на жени избираат да ги имаат овие чевли во замена на високи потпетици (во одредени пригоди, се разбира). Сепак како и во се во модниот свет, треба да бидете умерени и во висината на платформата. Токму затоа ние ви препорачуваме средно висока платформа, која нема да биде премногу висока напред. 

 

Прочитајте ги и следниве статии:

Maшка колекција од Bershka

 

 

 

 

 

Zara фустани за оваа зимска сезона

 

 

 

 

 

Уметноста на заведувањето- Victoria`s secret

 

loading...
Loading...