ОБСЕ загрижен поради апсењето на новинарот во Грција

Loading...

Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) изрази во понеделникот навечер загриженост поради апсењето на грчкиот новинар Костас Ваксеванис под обвинение дека ја нарушил приватноста со објавувањето на списокот на видните Грци кои имаат сметки во Швајцарија.

Претставничката на Организацијата за европската безбедност и соработка за слободата на медиумите Дуња Мијатовиќ, изјави дека „должноста не медиумите како инстанца на контрола на демократијата е да објавуваат чувствителни информации“.

Во соопштението побара од властите во Атина и од грчкото правосудство да „пронајдат праведно решение меѓу почитувањето на приватноста и правото на јавноста да биде информирана“.
46-годишниот новинар и издавач на списанието Hot Doc, Костас Ваксеванис во четврток првпат ќе се појави пред судот во Атина поради објавување на списокот со имињата на повеќе од две илјади грчки политичари, новинари, лекари и јавни личности дека имале сметки во швајцарската филијала на банката HSBC, што предизвикува сомнежи дека тие затајувале данок, во времето кога Грците ги чувствуваат страшните последици од острите мерки за штедење.
Списокот кој стана познат во јавноста како „Листата на Лагард“, поради тоа што актуелната извршна директорка на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард во 2010 година во својство на министер за финансии на Франција овој список им го предала на грчките власти, во понеделникот го објави и влијателниот центро-левичарски дневен весник Ta Nea.

Тој содржи имиња на 2.059 Грци на шии сметки во Швајцарија имало над две милијарди евра.
Ваксеванис е обвинет дека на 27-ми октомври во магазинот Hot Doc  го објавил списокот со што го повредил нивното право на приватност.

Макфакс

loading...
Loading...