Како да го носите вашиот накит

За да носите крупни истакнати парчиња накит треба да имате самодоверба и стил и основни познавања на некои модни правила. Главната работа што треба да ја имате во предвид е дека не треба да се претерува со накитот што ќе го ставите на себе за да не изгледате како девојчињата што си играат со накитот на мајка им наместо како модерна современа жена.

 

Така, ако носите поголема нараквица, бразлетна и ѓердан или синџир на вратот, изоставете ги крупните прстени и обетки. Кога сакате да носите големи храбри парчиња накит не носете облека со шари или принт. Целосно бела или целосно црна гардероба се совршен избор за голем и шарен накит. Друга работа што треба да се има на ум е дека што поголем е каменот толку помалку ќе изгледа вистински.

 

Доколку носите голем прстен, дозволете тој да биде во центарот на вниманието, и не го комбинирајте со други крупни парчиња накит.

 

Комбинации од различни метали

Едно од класичните правила, кое, патем, денешните дизајнери го игнорираат, е дека не треба да се мешаат различни метали. Само парчиња од злато, или само од сребро, се вистинска класика, но, денес е дозволено да се мешаат металите во потрага по модерен изглед. Главната работа што треба да се има на ум е да се запази стилот на накитот. Модерна златна алка нема да изгледа убаво со филигрански сребрени обетки. Можете да ставите квадратни или округли прстени или алки во различни нијанси на злато. Можете дури и да носите заедно златни и сребрени синџири за модерен изглед.

 

Носете соодветна должина на ѓердан

Избор на ѓердан во погрешна должина со одреден отвор на горниот дел од облеката е најверојатно најчестата грешка што ја прават жените што се однесува до носењето накит.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Земете ја во предвид вашата возраст и форма на телото

Накитот може да ги истакне вашите позитивни страни, но, мало невнимание може да ги привлече погледите на вашите не баш позитивни делови.

Жените во поодминати години кои веќе имаат брчки на вратот или спуштена брада не треба да носат кратки ѓердани припиени на вратот. Тие се наменети за жени со помладешка кожа.

Ако имате широк врат, можете да го ублажите со ѓердан кој е потенок и потесен околу вратот и поголем и поширок во делот под клучната коска.

Ако имате долг, тенок врат којшто не сакате да го истакнете, пробајте ѓердан во три низи, со најкратката низа припиена околу основата на вратот.

 

Поврзани статии:

Едноставен накит, за гламурозен стајлинг!

Накит од модните куќи

4 модни додатоци кај жените кои мажите ги презираат

 

Пронајдете не на следниве мрежи: