Chanel 5 опасен за користење

Неодамнешните истражувања покажаа и утврдија дека неколку стотици состојки кои се содржат во овој парфем и козметички производи од истата линија, може да бидат причина за силни алергиски реакции.

Препораките од страна на креаторите на ова истражување, се алергенсите кои се составен дел од овој парфем да бидат на едно ограничувачко ниво, или едноставно да се забрани производството и употребата на прочуениот француски парфем Chanel 5.

Од друга страна пак Европската Комисија (ЕК)  се произнесе со соопштение дека засега не планира никаква забрана или ограничување на продажбата и производството на овој парфем и козметички производи од истата линија, за кои е потврдено дека се причинители на алергиски реакции.

Навистина е погрешно да се каже дека комисијата сака да ја забрани употребата на Chanel 5, изјави портпаролот на ЕК за заштита на здравјето и потрошувачите, притоа додавајќи дека резултатите од спроведеното истражување и не претставуваат некој значаен став за Европската Унија (ЕУ).

Прашањето кое се поставува е дали веќе наведените состојки за кои научниците упатуваат дека се опасни предизвикувајќи алергиски реакции, се додадени во групата на 26 алергенси кои по закон мора да бидат наведени на самото пакување од производот кој го користите.

Погледнете ги следниве статии

 ВИДЕО: Рекламата на Бред Пит за Шанел 5

 

 

 

 

 

 Фризури на стариот Холивуд

 

 

 

 

 

 Модна инспирација за оваа зима

Пронајдете не на следниве мрежи: