Модни совети за како да изгледате послабо

Професионалците во модната индустрија откриваат тајни како со едноставни модни трикови да изгледате послаби.

 

Овој пат тие откриваат како со помош на модни додатоци и со комбинирање на различни нијанси и дезени на облеката ќе добиете шик изглед а во исто време ќе изгледате како да имате совршени пропорции.

 

 

 

 

 

 

 

 

1.Играјте со модните додатоци

 

За да добиете ефект на слабеење,треба да ги следните следниве трикови со модните додатоци.За да го истакнете вашето лице најдобро е да изберете долги обетки кои можете да ги комбинирате со долг ѓердан кој пак го истакнува деколтето.Овие модни додатоци во исто време визуелно ја зголемуваат и должината на вратот.Исто така за послаба линија препорачливо е да се носат сјајни алки кои го привлекуваат вниманието на зглобот наместо на горниот дел на раката.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

2.Истакнете го горниот дел
Еден од веќе проверените трикови кои го користат многу познати личности за послаба фигура е истакнувањето на горниот дел од телото.Истото најдобро се постигнува со џемпери,блузи,фустани и маички во Ве-израз и со многу детали.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

3.Изберете чевли во боја на вашата кожа

Чевлите во боја на кожата се уште еден револуционерен трик кој го користат познатите.Тие визуелно ја зголемуваат должината на нозете и со тоа ве прават послаби.Причина плус за да ги изберете овие чевли е тоа што истите се ИН оваа сезона.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

4.Изберете само една боја
Ако изберете голен и долен дел на облека во иста боја ќе добиете вертикална линија која повторно помага да се добие ефект на совршена линија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Погледнете ги и следниве статии:

 

Како да изгледате свежо и во есен?

 

 

 

 

Белата боја веќе не е интересна за невестите

 

 

 

 

Направете пунџи како што носат славните

 

Пронајдете не на следниве мрежи: