Еврото пристигна во Летонија

Loading...

Владата на Летонија утврди закон за воведување на еврото како официјално средство на плаќање од 1 јануари 2014 година, наместо националната валута лат.

Според предлог законот, цената на стоки и услуги ќе се искажува истовремено во лати и евра три месеци пред воведувањето на европската валута и шест месеци по официјалното преминување во евро.
Банкоматите ќе престанат да издаваат лати веќе на првиот ден од воведувањето на еврото, а две недели по преминувањето на еврото двете валути ќе бидат паралелно во оптек, а кусурот од плаќање во лати ќе се враќа во евра.
Во комерцијалните банки промената на лати во евра ќе биде можна половина година, по воведувањето на еврото, додека во централната банка таквата промена ќе биде можна без никакво временско ограничување.
Летонија мора да исполнува и одредени критериуми на Брисел, како што е помал буџетски дефицит од три отсто и помал државен долг од 60 отсто од БДП.
Претседателот на Уставниот суд на Летонија и опозиционите партии повикаа на одржување на нов референдум за влез на државата во еврозоната, со оглед на тоа што првиот референдум беше оддржан во 2004 година, кога немаше должничка криза, ниту пак ЕУ изнесуваше идеи за контрола на буџетите на државите членки на еврозоната.

Макфакс

 

 

loading...
Loading...