Вардарки на „мегдан“ со гркинките од Патрас!!!

Loading...

Женскиот ракометен клуб Вардар ќе игра двомеч во рамките од третото коло во Купот на ЕХФ против грчкиот претставник Лукс Патрас, двата натпревари ќе се одиграат во салата „Борис Трајковски“.

Инаку, Лукс Патрас е шесткратен шампион на Грција последователно од 2007 до 2012 година и четири пати победник во националниот Куп (2007, 2009, 2010, 2012).

„Вардар е посилен тим и затоа прифативме двата натпревари да ги играме на гостински терен. Но, ние таму сигурно не одиме како туристи, иако тие се фаворити“ беше изјавата на тренерот на Лукс Патрас, Ратко Ѓурковиќ.

Првиот натпревар се игра во петок (10.11.2012) со почеток од 16,00 часот.

Вториот натпревар нашиот претставник го игра ден потоа, односно сабота (11.11.2012) во истиот термин како претходниот.

 

 

ПУЛС24 СПОРТ

 

Македонија-Словенија за само 100 денари!!!

 

 

 

 

 

Фото: Александар Трајковски „вундеркид“ на ФудбалМенаџер 2013

 

 

 

Фото: Мурињо го „избрка“ детето на Алонсо од тренинг

loading...
Loading...