Грешки што ги правиме при исправување на косата

Loading...

Која е идеалната температура и видот на пегла? Како да го избегнете оштетувањето на косата? Прочитајте и дознајте кои се најчестите грешки при исправувањето на косата.

 

 

Грешка бр. 1 – Превисока температура
Најчестата грешка при употреба на пеглата за коса е користењето на максимална температура. Тоа може само да ја оштети косата, па дури и да ја изгори. Температурата од 200°C е подеднакво делотворна за сите типови на коса и треба да биде максимумот што би го „нанеле“ на влакното. Се што е повеќе од тоа веќе е штетно.

Грешка бр. 2 – Пеглање без заштитно средство
Заборавањето на заштитата за коса од топлина, во облик на спреј, крема или масло, може сериозно да ја оштети косата. Поради високите температури, а слабата заштита, влакното со време пука, се расцветува и суши.

Грешка бр. 3 – Траги од пегла
Пред пеглањето, добро расчешлајте ја косата, поделете ја на прамени и дури тогаш почнете со израмнување. Немојте да поминувате еден ист прамен повеќе пати, зошто можете да оставите траги, во вид на линии и иако дополнително сте ја оштетиле, не сте го постигнале посакуваниот ефект.

Грешка бр. 4 – Сакате волумен, добивате безживотност
Ако не сакате вашата коса да виси и да изгледа безживотно, испеглајте ја така што врвовите ќе ги свиткате кон лицето. На тој начин добивате волумен, а фризурата ќе го истакне вашето лице.

Грешка бр. 5 – Користите погрешнен вид на пегла
Голема улога игра изборот на вистинската пегла. Оние со керамички плочки се идеални за сите типови на коса, затоа што топлината рамномерно се распоредува и се намалува потребата повеќе пати да се пегла косата. Исто така, важна е и големината, оние со долга коса треба да изберат широки плочки, додека пак оние со кратка да побараат потенки.

 

Поврзани статии:

5 фризури кои секогаш ќе бидат во тренд

 

 

Како да го носите вашиот накит

 

 

Ретро модата се враќа

loading...
Loading...