Најдобрите комбинации на гардероба со различните модели на обувки

Секоја дама би се согласила дека е скоро невозможно да се пронајдат соодветни универзални обувки кои би биле вистинскиот избор за секоја пригода и комбинација.

Станувало збор за комбинација со вашите омилени фармерки, здолниште, или пак кратко фустанче.

Како и да е оваа сезона нема да погрешите без разлика на моделот кој би го избрале. Од моделите како обувки кои се до глуждот, па се до средно големите длабоки чизми, како и оние кои се за наменети за избраничките со поспечифичен вкус.

Во пролог погледајте која обувка би била соодветна и најдобра комбинација со модните марчиња од вашиот гардеробер.

Глуждарки или обувки кои се на височина до вашиот глужд. За дамите кои го преферираат работниот професионален изглед ова би бил одличен избор. Без разлика на комбинацијата на боја, овој тип на обувки би биле одлична комбинација со добро здолниште, еднобојна кошула и марама како еден моден додаток. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Длабоки чизми или чизми кои се креирани со височина до вашето колено. Совршени за комбинација со есенски модел на пантолони до колена, со кои би добиле еден навистина софистициран ретро стил. Секако додавањето на било каков ремен ќе ја направи комбинацијата совршена.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Бајкерски стил или чизми со и не така вообичаен изглед. Наменети за личностите со поспецифичен вкус и модна определба. Овој тип на обувки во ниеден случај не ги комбинирајте со пантолони кои имаат широки ногавици. Како најдобра комбинација би биле со хеланки, кратки пантолони, тесни фармерки, а занимлива комбинација би била и додавањето на фустан со некој поинтересен крој.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Мачорот во чизми или чизми кои се како еден поширок модел на обувки. Едни од обувките кои би можеле да бидат дел од вашето секојдневие. Како најдобра можна комбинација би биле со добар пар на фармерки, и некоја кожна јакна. Малата чанта со нитни би била совршениот избор за комплетен занимлив и вечерен стајлинг.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Таканаречените романтични обувки или тип на обувки кој потсетуваат на некој добар ретро стил. Обувки кои доколку би ги искомбинирале со соодветно здолниште до колена, топол краток капут, и баретка, освен што би биле идеална комбинација, сигурно би го оправдале и епитетот на овој тип на обувки.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Гумени чизми – Секоја девојка во својот плакар на обувки треба задолжително да го има овој тип на обувка. Идеални за есенските врнежливи денови, притоа одговарајќи со било која комбинација. Секако и со дополнителни модели и додатоци како чипка, модели кои би одговарале и на оние поелегантните.

 

 

 

 

 

 

 

Погледнете ги слениве статии

 Елегантни фустани од Mango, вистинскиот избор за оваа зима

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 Креативни торби наменети за секоја пригода

 

 

 

 

 

 Практичен начин како кошулата на вашиот дечко ја направите дел од вашата гардероба

Пронајдете не на следниве мрежи: