Згодната манекенка Андријана Лима блескаше на новата ревија на шоуто на Victoria`s secret и за многу брзо време си го врати своето реноме на владетел на модните писти.
Андријана Лима која има 31 година, пред 8 недели ја роди својата втора ќерка, а нејзиното чекорење по модната писта беше нејзиното триумфално враќање. Таа го покажа своето фасцинантно тело за кое макотрпно работеше без прекин со недели, а фотографиите од нејзиното вежбање редовно ги споделуваше со своите фанови на Twitter страната.
Иако не се препорачува вежбање после породување, Андријана Лима е заштитно лице на Victoria`s secret и токму затоа таа докажа дека сепак може да биде совршена иако се породи пред два месеци.
Видеото од целата ревија ќе биде прикажано за еден месец, а во меѓувреме можете да уживате во исечоците од раскошната ревија и фотографиите на преубавите манекенки. На шоуто настапија Ријана, Бруно Марс и Џастин Бибер.
Во нетрпение сме да ја погледнеме целата ревија зарем не?
Погледнете ги и следниве статии:
Никој не може да одолее на Victoria Secret моделите
Погледнете како изгледале некогаш ангелите на „Victoria Secret“.
Уметноста на заведувањето- Victoria`s secret
Пронајдете не на следниве мрежи: