Бекам за H&M (видео)

Loading...

Познатиот британски срцекршач, фудбалерот Дејвид Бекам, се појави во уште една реклама. Овој пат станува збор за нова колекција на компанијата H&M, со која тој почна да соработува минатата година.

 

Ова е трети пат 37 годишниот Бекам да се појави во кампања за познатиот шведски бренд. Фудбалерот е сега ангажиран околу оваа кампања, а облеката што ја рекламира ќе се најде во продавниците на H&M околу божиќните празници. Инаку, Дејвид Бекам има договор со оваа фирма за ексклузивните права тие да го продаваат неговиот дизајнерски долен веш во преку 40 земји во светот.

 

Тој неодамна изјави дека нешто повеќе од една година, заедно со неговиот тим ја креираа долната облека и дека е многу задоволен и среќен со тоа што го постигнале заедно. Погледнете како изгледа снимањето на една од неговите реклами за H&M.

 

 

Поврзани статии:

Дејвид Бекам ќе стане телевизиски водител

 

 

 

 

Принцот Вилијам и Дејвид Бекам заедно навиваа за Британија

 

 

 

 

David Beckham во кампањата за H&M 

 

loading...
Loading...